ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев од Софија: Треба да ја зграпчиме оваа шанса, имаме очигледна политичка поддршка за процесот на проширување

November 10, 2020 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори. Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето во Софија на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, на кој оваа година ко-домаќини се Бугарија и Северна Македонија.

Заради ситуацијата со Ковид-19 Самитот е организиран со физичко присуство на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија и со учество преку видео конференциска врска на останатите лидери.

Во поздравното обраќање за успешна работа на Самитот, Заев потенцираше дека тоа што првпат од започнувањето на Берлинскиот процес, ко-домаќини се една земја кандидат од регионот заедно со соседна држава членка на ЕУ е јасен доказ дека регионот силно го прифати овој процес како свој и дека со оваа соработка Северна Македонија и Бугарија обезбедија извонредна платформа за понатамошно негување на билатералните односи, соопшти владината Прес-служба.

Посебен акцент премиерот Заев стави на новата динамика во процесот на пристапување на земјите од Западен  Балкан во ЕУ, особено по мартовскиот Европски совет со обновената преговарачка методологија и одлуките за започнување преговори со Северна Македонија и Албанија, и Загрепскиот самит во мај, како и со пакетот за проширување од Европската комисија оваа есен и со сериозниот Економски и инвестициски план.

Заев додаде дека заедно со напорите на германското претседателство со Европскиот совет, таа динамика е извонредна можност регионот на Западен Балкан сигурно да напредува кон ЕУ.

Со најавените дури девет милијарди евра за грантови, надополнети од новиот Инструмент за гаранции за Западен Балкан, со кој треба да се зголемат инвестициите до 20 милијарди евра, ЕУ исто така храбро ја потврди својата поддршка на Западен Балкан, рече премиерот Заев и додаде дека овој пакет ќе обезбеди голема финансиска поддршка за нашите реформски процеси и за економска трансформација на Регионот.

– Многу сум задоволен дека денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан. Поддршката за двете иницијативи преку декларациите на лидерите од Западен Балкан треба да го поттикнат развојот во регионот, но исто така и да се осврнат на некои од актуелните еколошки и здравствени предизвици, со огромен потенцијал за раст и креирање на нови работни места, нагласи Заев.

Премиерот во своето обраќање на почетокот на Самитот за Западен Балкан во Софија рече дека основите за економската, социјалната и зелената трансформација на нашиот регион за наредите години се цврсто утврдени и дека регионот исто така ја покажа својата зрелост и отпорност за време на оваа пандемија.

– Пандемијата уште повеќе го обедини Западниот Балкан во борбата против овој невидлив непријател, донесувајќи толеранција и соработка и создавајќи заедничка свесност дека хуманоста има предност пред политиката, истакна премиерот Заев.

Заев додаде дека за време на заедничкото ко-домаќинство со Берлинскиот процес оваа година дополнителен поттик добија и неколку други процеси како што е регионалниот договор за патување со лична карта, проширувањето на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на ЕУ и јакнењето на соработката на полето на здравството како регионален одговор на пандемијата, како и соработка со граѓанското општество, особено на прашањата поврзани со младите.

– Убеден сум дека со постигнатите резултати во текот на оваа година успеавме да ја збогатиме регионалната соработка и да го приближиме регионот кон ЕУ, нагласи претседателот на Владата, кој денеска заедно со бугарскиот премиер Борисов, ја поздравија работата на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

Покрај премиерот Бојко Борисов на отворањето на работата на Самитот за Западен Балкан во Софија се обратија и германската канцеларка Ангела Меркел и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Заев на Самитот ја предводи македонската делегација, во чиј состав се и вице-премиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вице-премиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk