ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пусти Каракачанов, ме изнасмеа!

November 11, 2020 08:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Читајќи ја изјавата на Каракачанов по вчерашниот регионален состанок на Берлинскиот процес во Софија, баш слатко се изнасмеав!

Тој во изјавата по средбите, меѓу другото, вели: „Од тука натаму сè е во рацете на колегите во Скопје. Макар и неколку денови до крајот на процесот, до петок, брзо да коригираат сè што пропуштиле во моментот. И да видиме дали тоа е доволно да почнат преговори со Северна Македонија.“

Ха-ха-ха-хаааа… Ете, така нашиот драг вмровски „Мали Ѓокица“ од Бугарија замислува дека треба да се реши столетниот „проблем“ меѓу Скопје и Софија: до петок (!), Македонија да ја прифати бугарската историја до 1945 како своја етничка историја, да го прогласи македонскиот јазик за бугарски дијалект и уште пет-шест други слични дребулии, и веќе идниот викенд – ако „видат“ дека тоа е „доволно“ од кабинетот на г. Каракачанов – да започнеме преговори со ЕУ.

Претпоставувам дека во сабота г. Каракачанов во околината на Делчево, на пример, ќе подигне и некаков инженериски воен НАТО-шатор, каде Северна Македонија би ја потпишала оваа капитулација, како што прилега кога ќе ве поразат на бојно поле… Кога тоа „желание“ веќе не му се оствари на г. Каракачанов во далечната 1945. Всушност, што би се рекло: напротив!

Добро, се разбира, не е (новата) провокација во тоа што го изјавил г. Каракачанов – од него ништо подобро не се ни очекува – туку вистинската провокација е можеби неговото присуство до Бојко Борисов на средбите во Софија, што е демонстрација на една дипломатска грубост што не помага во решавањето на непријатната ситуација испровоцирана од Бугарија. Каракачанов, навистина, е потпретседател на Бугарската влада и, формално, тоа би можело да биде оправдување за неговата „назочност“ на Берлинскиот процес. Па, сепак, што бара министер за одбрана на самит на кој се разговара за економска, инфраструктурна, трговска и друга слична соработка?!

За да не остане тажниот впечаток некомплетен, се погрижи Антонио Милошоски, идеолошкиот колега на Каракачанов во Скопје, кој на прес-конференција ни ги прераскажа старите кафеански прикаски за тоа дека актуелното поведение на Бугарија се должи на тоа дека Заев му ветил влез на Борисов во „една банка“ во Македонија и во „една телеком-компанија“, за воопшто да се потпише Договорот за добрососедство со Бугарија и македонското започнување преговори со ЕУ.

Еве, да речеме дека е точно тоа што го кажува г. Милошоски. Всушност, би било изненадување меѓу Заев и Борисов да НЕ се водени разговори за бугарски бизнис-влез во Македонија. Но, што имплицира конспиративниот контекст што го заговара Милошоски?

Прво, дека Бугарија не би правела никакви пречки за нашите евро-интеграции, доколку ги купи овдешната банка и телекомот?! Тоа е таман тарашмаалска навреда за Борисов, баш во стилот на Каракачанов за нас!

И, второ, дека „предавникот и криминалец Заев“, всушност, излегол голем патриот што ги „смувал“ алчните Бугари со лажни купи-продај ветувања за потпишување на Договорот за добрососедство и за македонското авансирање во евро-интеграциите?!

Така, имено, нашево ВМРО (а и самиот Милошоски) го разбираа водењето на дил-ориентид надворешната политика на државава за време на целата деценија кога беа на власт, а и со години пред тоа. Ние ним банка, телеком, рафинерија, рудник, термоцентрала, автопат итн. – тие нам признавање!

Ефектот од тоа го знаеме: ние признавање не добивме, ама затоа многу милиони украдени евра од Македонија профитабилно се вложија во разни бизниси на финансиерот на опозицијата и на Оној од Будимпешта (и) во Бугарија.

Иако, како што сега стојат работите, а-пропо моето смеење од почетокот на текстов, не е спорно дека, во светот како што го разбираат господата Каракачанов и Милошоски, е сосема можно тие да бидат последните што ќе се смеат.

Но, затоа и сакаме да излеземе од нивните политички и идеолошки светогледи и да започнеме преговори со ЕУ, што секако не ја исклучува можноста ни нашите, ни нивните легитимни бизнисмени, да пазарат и банки и телекоми во двете соседни земји, по сите трговски и бизнис европски стандарди. Што би рекла (како што и рече) Ангела Меркел.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk