ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На помалку од пет дена до Советот на министри на ЕУ, уште неизвесно дали C.Македонија ќе ги почне преговорите

November 13, 2020 08:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правиме напори и ќе дадеме се до последен момент од нашата страна за да се најде решение, но секако има работи за кои што никаде во светот не се преговара, ниту кај нас. Нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа. Оваа вчерашна изјава на премиерот Зоран Заев ги одредува нашите позиции во разговорите со Бугарија што се очекува да финишираат пред вторник, 17 ноември, кога треба да се одржи седницата на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на која се очекува одлука дали и кога земјата ќе ги почне преговорите со ЕУ. Сепак, Заев уште еднаш кажа дека е можно да не се постигне решение за условувањата на Бугарија и да не се одржи Меѓувладината конфернција со ЕУ.

– Преку оптимизам навистина испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истиот тој што пред еден месец на празникот 11 Октомври го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македоија и ЕУ. Правиме напори до последен момент, ќе дадеме се што може од наша страна како енергија, како памет, како мудрост, но секако знаете има работи за кои што никаде во светот не се преговара, па ни кај нас ќе се преговара. Тоа и бугарската страна го сфаќа, сфаќа дека нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа, така што ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија коишто секако би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11 Октомври еве дека постои серозна можност ние да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ, изјави премиерот, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој оцени дека за ова прашање не треба да се прави политиканство и дека треба над се да биде интересот на државата. Би било неодговорно, додаде Заев, да направиме нешто што ќе го стави под прашање процесот на разговорите, односно што ќе предизвика нелагодни ситуации или основи за непостигнување на договор. Зборувајќи за барањата за опозоцијата во однос на условувањата од Бугарија, премиерот повтори дека е неприфатливо да се прави политикантство и да се собираат политички поени и да се гледа политички интерес од нешто што е стратешки интерес на државата, како што е првата меѓувладина конференција и стартот на преговарачкиот процес.

Решението на проблемот со Бугарија е во враќањето на довербата во Договорот за добрососедство, како единствен инструмент и гаранција за надминување на сите разлики, смета министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој исто како и Заев, рече дека се уште не може да каже каков ќе биде исходот од разговорите меѓу Скопје и Софија, но нагласи дека македонската страна ќе направи се што е можно достојно да ги претстави интересите на државата и во тие рамки да најде заедничко решение.

– Разговараме се уште, не можам да предвидам ништо, ниту да го прејудицирам исходот. Прашањето е премногу комплексно и сензитивно, а периодот е прекраток. Нашиот пристап е дека ќе работиме до последната минута за да ги аргументираме прво нашите погледи кон ова прашање, да ги приближиме различните очекувања. Моето чувство е дека решението е во враќањето на довербата дека Договорот за добрососедство е единствениот инструмент и гаранција за надминување на сите разлики, истакна Османи.

Свесни сме, додаде тој, дека ова прашање е од интерес и за Бугарија, па колку е неуспех за нас, толку е неуспех и за Бугарија и за ЕУ. Според него, целата оваа ситуација не треба да се сведе само на разговорите и контекстот со Бугарија, туку мора да се знае и дека 26 земји – членки на ЕУ веќе имаат усогласен, заеднички став по однос на текстот на преговарачката рамка што е, напомена, голем успех и исчекор.

Во меѓувреме, и Европската Комисија соопшти дека не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија.

На барање на МИА за реакција по средбата на премиерите на Севена Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија, Европската Комисија останува на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата.

– Ги охрабруваме двете страни да продолжат со напорите за изнаоѓање решение за нивните билатерални проблеми, рече за МИА портпаролката за проширување Ана Писонеро.

На 17 ноември треба да се одржи Советот на министри на ЕУ на кој ќе се разговара за проширувањето и на кој треба да се донесе одлука за усвојување на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, но Бугарија за сега не отстапува и смета дека не може да даде зелено светло додека не се изнајде компромис околу прашањата за јазикот, краткото име и историските теми.

– Продолжуваме да се надеваме дека може да се постигне договор за преговарачката рамка наскоро со цел да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно побрзо, вели Писонеро за МИА.

Во Европската Комисија не е сменет вокабуларот, велат оттаму, секогаш велеле „што е можно побрзо“, никогаш не лицитирале со датуми.

Само германското претседателство и самиот европски комесар за проширување јавно изјавуваат од старт дека се надеваат на прва меѓувладина до крајот на оваа година, односно во рамките на претседавањето на Германија со ЕУ.

– Ги поздравуваме напорите на германското претседателство за олеснување на разговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија со цел постигнување на договор во Советот за преговарачката рамка, е официјалниот став на Европската Комисија, која и натаму останува во контакт со сите страни за да го помогне процесот.

Во Брисел не се добива впечаток дека Северна Македонија постапува неконструктивно во овој процес, велат дипломатските извори кои ги консултираше МИА и се гледа позитивно на физичката посета на премиерот Заев на Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Се остава сега на сите страни да продолжат со контактите и обидите за постигнување компромис, и, иако бугарската страна нема поддршка од другите земји членки за своите ставови, нејзиното право на вето е безусловно, и ниедна земја, ниту институција не може да се меша во билатерални прашања, нагласуваат дипломатите во Брисел.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Грција од денеска се воведува полициски час

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk