пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ / ЦИВИЛ МЕДИА
Димче. Пратеник платен од народни пари кој се сили, плука и навредува, поттикнува омраза кон новинари. И не му е сефте. Христов, Јовановски, Милевска, Кировски, Дерала итн…не е мал бројот на уредници и новинари од повеќе медиуми кои биле мета на плуканиците на Димче, само во последните неколку месеци.
А, што прават новинарите? Освен жртвите, најголем дел од еснафот му молчат на Димче. Море, не само што му молчат, по емисии го викаат, од екран не го вадат, секој ден на десетици портали го има. Досега, ниту една медиумска/новинарска организација не го прозвала по име и презиме ниту пак ги осудила конкретно навредите и омразата на Димче кон новинарите, што ги шири со години. За разлика од односот на Димче со пропагандистите и медиумските началници на МВРО-ВМРО, за кои Димче со години нема ниту еден лош збор, а ни они богами за него. И новинарите нека викнат гласно за Димче: Оратору наш!
#SledeTene #LevaRukaDesniDzep #DrndupkaOverMaximum