ЈП Водовод и канализација Скопје е добитник на втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, во организација на Европската Банка за Обнова и Развој-ЕБОР.
Проектот за пречистителната станица – Скопје ја освои втората награда во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации.
Вкупно 16 компании од 11 земји во светот беа избрани за добитници на овогодинешните награди.