ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Направивме пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и наместо несигурни, сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди

November 14, 2020 10:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видео обраќање се обрати на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските – дијабетолошки сестри, по повод Светскиот ден на дијабетесот, 14 ноември.

Премиерот Заев се обрати со посебен осврт на здравјето на граѓаните како врвен приоритет и истакна дека Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес со тоа што ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.

“Денеска е 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот, и ова мое видео обраќање им го посветувам на 130 илјади наши сограѓани со дијабетес, од кои 500 од нив се деца до 18 годишна возраст, на нивните семејства и најблиски, како и на лекарите и особено на медицинските – дијабетолошки -сестри.

И не само денеска, туку целата оваа година, членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис нив, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот.“ кажа  Заев.

Тој во своето обраќање истакна дека содржините на овие активности имаат исклучително значење за подигнување на свеста на граѓаните за превенција од дијабетес  и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува, особено заради светската пандемија со КОВИД-19, која ги прави лицата со дијабетес особено ранлива група.

„Од овој аспект се особено значајни навремените реакции за превентива и едукација на Националната комисија за дијабетес и на Клиниката за ендокринологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“

Имајќи го здравјето на граѓаните како врвен приоритет од 2017 година наваму Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство направија значајна пресвртница во пристапот кон лицата со дијабетес и ставија крај на ерата на набавка на несигурни средства за инсулинската терапија.

Од тогаш наваму за прв пат беше извршена и континуирано се спроведува набавка на инсулини и глукометри со највисоки свестки стандарди со иновативна технологија за највисоки ефекти за сигурно здравје кај пациентите со дијабетес.

Одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот нè потсетува дека од витално значење е да обезбедиме овие посветени политики и развојната работа на методи и терапии за добра контрола на состојба на лицата со дијабетес да продолжат и да се унапредуваат. Тоа е обврска на општеството и затоа вложувањето во јавното здравство и во здравјето на сите граѓани е водечки приоритет во нашата земја.” наведува премиерот Зоран Заев во видео обраќањето по повод Светскиот ден на дијабетесот

 

Next Post

РСБСП: Сообраќајните несреќи не се случуваат, туку се предизвикуваат со неодговорно учество во сообраќајот

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk