ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

РСБСП: Сообраќајните несреќи не се случуваат, туку се предизвикуваат со неодговорно учество во сообраќајот

November 14, 2020 10:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 15 Ноември – Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги потсетува учесниците во сообраќајот дека тие не се случајни, туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот.

„Тие се сериозен проблем на сите современи општества. Трогателните слики со смрт и крв кои секојдневно се случуваат на патиштата низ светот, се тешки и мачни за гледање, но уште потешко е директно да се сочите со нив и со нивните последици. Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка, дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се неочекувани, насилни, трауматски, трагични настани“ наведува РСБСП, додавајќи дека притоа треба да се има предвид фактот дека голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајките се деца и млади

Сообраќајните несреќи се причина за голем број загубени човечки животи, голем број  загинати лица и уште поголем број повредени со трајни телесни повреди, уништени семејства и огромни материјални загуби.

Според Светската здравствена организациа, во светот годишно 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни несреќи, а од 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3500 лица умираат дневно како последица од сообраќајни несреќи односно загуба на еден живот на секои 24 секунди.

Според статистиката, во 2019 година во нашата земја 132 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи, а 5164 лица биле повредени.

„Да кажеме стоп за смртта на патишта, Сега и веднаш. Време е секој да сфати дека сообраќајните незгоди на избираат време, место и личности. Сите сме потенцијални жртви. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. Покажи грижа! Разбуди ја свеста. Вози совесно и одговорно. Целта на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди е да се потсетиме на оние кои го загубија животот во сообраќајни незгоди во минатото, да им оддадеме почит на загинатите, да дадеме поддршка на тие кои настрадале и да извлечеме поука за сериозноста на последиците од сообраќајните незгоди“ апелира РСБСП

Next Post
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 41 пациент, а пријавени се 35 оздравени

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk