ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава

November 15, 2020 12:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека болниците во целата земја се соочуваат со недостаток на медицински кадар, и оти тоа не е случај само кај нас, туку и во земјите од регионот. Филипче додаде дека имајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, во овој момент нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава.

– Проблемот со кадар е присутен на територијата на целата држава и секоја една болница вклучително и клиниките во Скопје се соочува со истиот проблем. И на самите инфективни одделенија од почеток на кризата не можеа сами инфектолозите коишто се многу малку на број, некаде 50 во целата држава да се справат со огромниот наплив на пациенти. И затоа во помош дојдоа лекарите од други струки, од други специјалности пред се интернисти. Сега се и тие ангажирани во рамките на нивните одделенија. Се испразнија Интерните одделенија на клиниките во Скопје и сега интернистите заедно со пулмолозите и антестезиолозите работат и ги лекуваат овие пациенти, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање по постетата на струмичката болница заедно со премиерот Зоран Заев.

Ова, како што кажа е, проблем со кој се соочува апсолутно секоја земја во регионот. Ја посочи Бугарија како пример каде здравствените работници се мобилизирани и сите помагаат таму каде што се лекуваат пациенти со Ковид-19.

Филипче наведе дека во овој момент се уште нема потреба да се намали интензитетот на работи и закажување преку системот МојТермин, но здравствените власти се подготвени и на тоа сериозно да се редуцира и другата работа на лекарите и за тоа има план и во болницата „8 Септември“ и во другите клиники се со цел да уште поголем број на лекари им помогнат на своите колеги во третманот на пациентите заболени од Ковид-19.

-Во овој момент нема невработен или неангажиран лекар во нашата држава. Сите млади лиценцирани лекари уште пред неколку месеци се вклучија преку платениот стаж, тоа беше една политика на здружување на младите лекари во земјата која што ја пропагиравме година дена практично веќе се вклучени и помагаат секој во одредена област. Студентите од шеста година исто така во делот на епидемиологијата, сите здравствени работници се максимално ангажирани и помагаат според распоредот, според системот на тимови којшто го направивме во изминатиот период секаде кај што се лекуваат пациентите од КОВИД, појасни Филипче.

Министерот за здравство истакна дека по состанокот со приватните лекари десетина се пријавиле да помагаат во справувањето со Ковид-19, така што се уште нема потреба да се ангажираат пензионирани лекари.

-Некои земји тоа го прават. Некои земји ги враќаат на работа дури и лекарите и сестрите коишто се дијагностицирани позитивни и се асимптоматски или се во изолација заради контакт, меѓутоа ние засега со овој кадар на располагање успеваме да направиме систем на ротација, рече Филипче.

Next Post
EPA-EFE/ANDY RAIN

Следи клучна недела за договор за брегзит

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk