Европската унија и Велика Британија од утре ја почнуваат последната рунда трговски разговори по неколку месеци неуспех, надевајќи се дека ќе се договорат за нацрт за идните односи.
– Оваа недела мора да се направи напредок во преговорите за Брегзит, изјави британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис.
– Ова мора да биде недела во која работите ќе се покренат кога ќе разложиме некои од овие тешки прашања, ќе ги решиме и ќе добиеме скици на договор, рече Јустис за Скај њуз.
– Во спротивно, ќе биде тешко и ќе почнеме да остануваме без време, додаде Јустис.
Ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковени, за истата телевизиска станица изјави дека договорот за Брегзит е „многу тешко да се постигне, но сепак е многу можен“