Специјално прашање до Захариева: Што мајка барале вашиот Тодор Живков, Маргарет Тачер, и 124 официјални државни делегации на погребот на Тито?, прашуваат од фан страната “Сеир”,
„И до кога веќе со тезите на Тодор Живков ќе ни солите европејска памет?“ објавувајќи принтскрин од Википедија, каде може да се погледнат делегациите кои присуствувале на погребот на Тито.
Ваквото прашање следуваше по изјавата на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во која вели:
– „Од една страна, не можете да сакате да бидете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислуваа Тито и Сталин, со тоа и завршуваме работа на Москва“, рече Захариева.