ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија

November 15, 2020 08:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

До одржувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ во вторник Северна Македонија и Бугарија ќе разговараат за да се избегне вето за нашиот почеток за преговори со ЕУ и одржување на меѓувладината конференција. Засега се уште не може да се предвиди каква ќе биде одлуката на Советот во вторник.

„Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји – членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика“ изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој не откри кои иницијативи се прават или ќе се прават наредните три дена за да се прибилижат ставовите со Бугарија и да се најде решение, но нагласи дека останува ставот оти нема да се откажеме од овој процес до последниот момент. Според Османи, постигнат е напредок во многу прашања, дури, како што посочи, седум-осум што биле сензитивни за едната или за другата страна.

Во моментот, истакна, немаме конкретна иницијатива, меѓутоа МНР ја подготви платформата за комуникација во овој период и ги создаде каналите. Османи подвлече дека сепак одлуките ги носи државниот врв, Владата заедно со другите чинители.

Според шефот на дипломатијата, има простор да се објаснуваат прашањата како што е дека краткото име не претставува референца кон историскиот регион Македонија, туку кон државата Северна Македонија, и не е спорно дека краткото и долгото име на државата, рече, се реферираат на овие државни граници на Северна Македонија. Прашањето за рехабилитацијата на жртвите од комунизмот, прашањето за немешање во внатрешните работи на соседите, на економската соработка, создавање акциони планови за инфраструктурното поврзување помеѓу држави, се прашања за кои има простор да се разговара. За овие прашања досега немало разговори, рече, но да оставиме овие три дена да видиме дали ќе се најде заеднички јазик.

„Мислам дека со тој начин се постигнуваат заеднички позиции, но не може да предвиди дали тоа ќе биде доволно за да се подолжи европскиот процес понатаму. Тоа сепак не зависи од нас, ние направивме и правиме се што е во наша моќ. Имаме одличен извештај на ЕК, оценети сме како најдобри кандидати во регионот“ изјави Османи.

Оцени дека никој не може да очекува оти во три дена ќе се надминат разликите што траат со децении помеѓу двете држави, туку, појасни, враќањето на довербата во процесот почнат во 2017 година дава резултат.

Османи рече дека не може да предвиди што ќе бидат одлуките на Советот за општи работи во вторник,.

„Бидејќи во моментот нема договор, не можам да предвидам дали ќе има договор до вторник кога ќе се организира конференцијата“ рече Османи.

Не сакаше да ги коментира бугарските позиции и истакна дека нашите позиции се јасни, а целта е пријателство, добрососедство, меѓусебно  почитување, имплементација на одредбите и инструментите од договорот, гаранција дека овој дговорот е единствениот механизам за надминување на разликите.

Во однос на комисиите, потсети дека е утврдена агенда за наредните пет средби во текот на идната година, со тоа што една од тие средби би била уште оваа година во декември со одредени нови технички правила во функционирањето на Комисијата. Османи изрази надеж дека оваа агенда ќе се реализира.

Шефот на дипломатијата вели дека во изминатите три месеци имаше интензивна комуникација на сите можни нивоа, не само во Скопје, туку и надвор, за постигнување заедничко решение со Бугарија.

Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротивстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија. Софија го изсвести Брисел дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори и придружната нацрт-декларација со образложение дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на поставените бугарски услови. Бугарија има забелешки за неспроведување на Договорот за добрососедство, за историски прашања, но и за македонскиот јазик и идентитет.

Советот за општи работи на ЕУ на кој треба да се усвои преговарачката рамка, првично беше закажан за 10 ноември, но беше одложен за 17, што им даде дополнително време на Скопје, Софија и на германското претседателство како медијатор да ги приближат позициите и да постигнат заеднички прифатлив договор, со што би се отстраниле бугарските резерви.

 

 

Next Post
Фото: МИА

Премиерот Заев ќе донира амбулатно возило за потребите на струмичката болница

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk