ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марковски контра Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ нема став за јавното здравје

November 17, 2020 12:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Инфектологот Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, со јавните настапи му пркоси на лидерот Христијан Мицкоски, оној кој пред извесно време го постави во највисокото партиско тело.

Со настапите на двајцата тандемот Мицкоски – Марковски преставува закана и опасност по здравјето на граѓаните.

Во петокот Мицкоски преку видео порака на социјалните мрежи ги повика граѓаните да носат маски и да бидат внимателни, но вчера Марковски во телевизиско интервју зборуваше дека маските се штетни по здравјето и дека тој се подготвува пред Уставен суд да ја оспори оваа заштитна мерка, особено носењето маска на отворено.

Значи политичарот повикува да се носат маски, а лекарот ги преставува маските за опасност. Очигледно двајцата промовираат спротивставени ставови, но со каква цел? Дали ваквите конструкции се намерни за да предизвикаат забуна и паника кај граѓаните? Ваквите настапи се продолжение на неодоговорното однесување на ВМРО ДПМНЕ, карактеристично во изминатите осум месеци, откако започна пандемијата. Инаку, со изјавата дека граѓаните не треба да носат маски, Марковски застанува против препораката на Светската здравствена организација за носење маски на отворено.

Голем број држави во светот ја имаат воведено мерката со задолжително носење заштитни маски на отворен простор. Во телевизискиот настап Марковски отиде до таму што одново ја постави дилемата дали вирусот постои. На почетокот на пандемијата овој лекар зборуваше дека корона е смешен вирус и нема да предизвика големи последици, за сега бројката починати да ја користи Мицкоски во неговата црна кампања насочена против здравствениот систем.

Сега повторно Марковски изјави дека немало научен доказ дека пациентите умираат од корона, па тогаш како неговиот лидер води кампања со секојдневно броење мртви од Ковид? Ова е уште едно различно гледиште на здравствената ситуација во државата со кое исто така се внесува страв кај заболените, но и кај сите граѓани.

На крајот, Мицкоски во видеото од петокот ги предупредуваше граѓаните да внимаваат, да носат маски, да не се групираат, да не излегуваат од дома… или едноставно ги наброја владините мерки за заштита кои потоа ги критикува во јавноста. Што значи и Мицкоски сам по себе е контрадикторен, а сето тоа станува опасно кога ќе се спореди со изјавите на Марковски, па граѓаните не знаат кому да веруваат.

ВМРО ДПМНЕ не успеја за осум месеци да ја сфати сериозноста на пандемијата и да придонесе во полесно надминување на здравствената и економската криза. И сега кога следува тежок период во кој ќе има и нови заболени и нови починати, ВМРО ДПМНЕ продолжува да биде деструктивна и да не се грижи за здравјето.

Лекарот Марковски дури и го оспори стручното постапување на своите колеги лекари со тоа каква терапија им даваат на пациентите. Тандемот Мицкоски – Маркоски ја поткопува довербата во здравствениот систем. Се започна кога Мицкоски на почетокот на кризата тврдеше дека јавното здравство нема тестови за корона, што се покажа како лага, а сега завршува со тоа дека партијата и натаму нема единствен став за Ковид и за тоа како да се заштитат граѓаните.

Д. Е.

Next Post

Аваја: Да се зголеми буџетот наменет за Роми

НАЈНОВО

Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

August 27, 2025

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk