ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Бугарија смета дека С. Македонија не е подготвена за ЕУ, „ Зимата доаѓа, а којотите ќе дојдат по своето“

November 17, 2020 12:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Рeпублика Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија смета дека не е подготвена, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

ФРОНТ: Зимата доаѓа, а којотите ќе дојдат по своето…колумна од Сашо Орданоски.

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител.

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 197 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедnо одвивање на сообраќајот, известуваат од Општина Центар.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Пред една година беше регистриран првиот случај на коронавирус кај 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеи.

По успешната деловна недела, богатството на Илон Маск, американски претприемач и сопственик на Тесла, се зголеми за 15 милијарди долари и сега изнесува 90 милијарди долари.

Џафери појаснува дека предлогот се однесува само за пратеници кои поради Ковид-19 нема да можат да учествуваат на седниците на Собранието и на комисиите и ќе бидат на домашно лекување или домашна изолација. Пратениците тоа ќе мора да го докажат со решение од ДСЗИ.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода  сопственик на угостителски објект.

Почина Љубисав Иванов-Ѕинго во 84-та година од животот. Во неговата биографија објавена на веб страницата на Собранието на РСМ стои дека е роден во 1936 година во с. Трновац, во Кратово.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на  Здружението на лица со посебни потреби  „СОС  ВИТА“, од Скопје на која разговараа за постоечките решенија и подршка на лицата со попреченост во нашето општество , но и унапредување на нивните права и услови со цел поголема вклученост во општественото живеење.

Многу енергија и надежи се вложија околу почетокот на преговорите со ЕУ, иако тој датум, инаку, има само симболична важност за процесот на преговарање –  во годините што доаѓаат, сите ќе заборавевме кога и како почнале преговорите, преокупирани со сериозните општествени реформи што ќе требаше да се одвиваат под будното око на ЕУ!

Буџетот на Министерството за економија за 2021 година е предвидено да изнесува 826 милиони денари од кои 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капитални расходи, а 190 милиони денари за субвенции, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Next Post

Марковски контра Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ нема став за јавното здравје

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk