ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зимата доаѓа, а којотите ќе дојдат по своето…

November 17, 2020 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Бугарското вето за Македонија доаѓа во многу лош момент за сегашната власт, а и за целата држава. Многу енергија и надежи се вложија околу почетокот на преговорите со ЕУ, иако тој датум, инаку, има само симболична важност за процесот на преговарање –  во годините што доаѓаат, сите ќе заборавевме кога и како почнале преговорите, преокупирани со сериозните општествени реформи што ќе требаше да се одвиваат под будното око на ЕУ!

Но, после сите домашни превирања со и по падот на Груевски; по успешно совладаните, а трауматични политички премрежија со Грција; како и по преживеаниот шок од француските идеи за одлагање на процесот на преговорите, ова сега требаше да биде некакво „крунисување“ на историскиот резултат, до половина остварен со зачленувањето во НАТО.

Нема да го биде. И тоа на најгрд можен начин: повторно негирање на идентитетот и елементарното право на сопствено толкување на историјата (се разбира, пристрасна е таа работа, како и насекаде и отсекогаш) и на суверенитетот на македонската држава. Пак ќе треба да се занимаваме со туѓите фрустрации, како да се наши. Ќе треба да докажуваме дека сме потомци на Супермен (барем додека и Холивуд не се јави за авторските права). А, малку сме веќе уморни од тоа.

Сето тоа се случува во контекст на ужасните општествени последици од епидемијата и секојдневното рушење на неславните смртни рекорди со неа. Мала е утехата дека половина од светот е во слична или полоша ситуација од нас. Заразата опасно се стега околу сите нас, а кога во земја од неполни два милиони луѓе ќе починат 1.300+ пациенти, стравот станува семеен, личен, без можноста од релативизирање дека тоа им се случува „на други“, бидејќи нашите кокошки „црвени јајца несат“.

Ѕвездата на Филипче потемнува, во мртва трка со најавените датуми за доаѓањето на вакцините.

Владата, како и сите други влади во светот – нашава, плус, се држи на „свилен конец“ со тенкото мнозинство во Собранието – се труди да ги намали социјалните и економските последици од заразата, но никој не може до крај да биде задоволен. Резервите – емотивни, здравствени, државни, семејни – се опасно оптегнати, до пукање.

А и државата ни е таква, каква што си ја знаеме: како тенок зимски капут, изеден од молци. Секогаш сме се надевале на потопли, медитерански зими. Но, и за оваа власт, надежта не е добра зимска стратегија. Перформансите ѝ се есенски.

„Перфектна бура“ се исцртува на хоризонтот. Зимата доаѓа, после есента на нашето незадоволство. Којотите, изгладнети, ќе почнат да завиваат сè поблиску.

Она што набрзо, речиси сигурно, ќе следува, ќе биде повторен напад од сите орудија врз преостанатата нормалност во државава. „Снежната“ сезона за афери само што не е отворена, а во неа ќе се вклучат сите постоечки домашни капацитети (нашите добро познати опозициски експерти за политички парастоси), засилени од шансата што Бугарија им ја дава на старите инсталации од политичкото и безбедносното подземје кои ќе гледаат сега да се наплатат за сите свои досегашни неуспеси Македонија да ја спречат на нејзиниот прозападен курс.

Времето е идеално за тоа: Брисел, вообичаено, е нерешителен „до даска“, а драмолетката со американското враќање на регионалната сцена ќе потрае, во најдобар случај, барем до пролет. Доволно време за да се докаже дека концептот за регионално помирување и антинационализам овдека не може, не смее да вирее.

Велам, не е Бугарија виновна за сето ова. Таа само успешно фасилитира.

Којотите од завивање, наскоро ќе почнат и да гризат…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk