Бугарија ја внесува историјата во процесот на проширување, што би го направило практично невозможно или многу тешко за останатите балкански земји да напредуваат, изјави Весела Чернева, заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика (ECFR) и директор на софиската канцеларија на организацијата во интервју за бугарски „Капитал“.
Филипче: Се прошируваат капацитетите за ковид пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката за очни болести, каде ќе можат да се сместат 33 пациенти, информираат од Министерството.
Светот е зафатен од втор бран на пандемија. Ситуацијата е далеку од охрабрувачка, во пресрет на зимската сезона на северната хемисфера, каде се повеќе земји воведуваат нови ограничувања.
Вирусот го запали регионот. Во Србија во последните 24 часа од корона вирусот се заразени нови 4.994 лица. Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1 388 нови случаи. Во Бугарија во последното деноноќие регистрирани се нови 3.519 случаи на Ковид-19. Дури 152 лица починале.
Заев – Моја должност е да не се откажуваме и да најдеме решение, нашиот народ тоа го очекува. Тој истакнува дека во вакви ситуации е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ.
Претседателот на српската опозициска Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека бугарското вето на патот на Северна Македонија кон ЕУ е „скандалозно“ и дека тоа може да има последици по европската интеграција на целиот регион и ја повика ЕУ да го поддржи јужниот сосед на Србија во тој процес.
БСП за Бугарија бара Борисов да се обрати во Собранието по повод потезите против Скопје, ГЕРБ не го дава. Борисов нема да се појави во пленарната сала, но ќе бидат сослушани Екатерина Захариева, министер за надворешни работи и Красимир Каракачанов, министер за одбрана.
ФРОНТ: Деветте животи на Заев. Како и да го завртиш, од кој кат и да го фрлиш, со која кофа на помија и да го потуриш, со каква квалификација и да го навредиш – Заев ќе се дочека на нозе и ќе продолжи да пропагира гушкање и со оние кои најмногу го мразат, пишува во денешната колумна Сашо Орданоски.
Барањата на Бугарија кон Северна Македонија се дрзок, ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешнополитички мотивиран потег. Берлин мора да го притисне својот „пријател“ во Софија, пишува Гудрун Штајнакер





