– Недонесувањето одлука на состанокот во Брисел е пораз за идејата на ЕУ, но во исто време е потврдено во изјавата на претседавачот, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот дека постојат до декември уште можности. Tреба да продолжиме во духот на дијалог, а не низ конфликти, да дојдеме до решение, истакна Заев во вчерашното гостување на ТВ 21.
Тој истакнува дека во вакви ситуации е многу лесно да се удираме во гради, но нашата намера е да бидеме рационални и да ги придвижиме работите според очекувањето на нашиот народ, а тоа е да чекориме и понатаму кон ЕУ.
Заев повторно нагласи дека македонскиот народ и македонскиот јазик се непобитен факт и во Бугарија знаат дека ЕУ ова го третира како европска вредност и придобивка.
Моја должност е да не се откажуваме и да стигнеме до решение затоа што нашиот народ очекува да најдам решение, рече Заев.
Ј. Ѓ.