ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоспитализирани 41 пациент во ковид – центрите во Скопје изминативе 24 часа

November 19, 2020 12:59
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 41 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид – центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во моментот, во ковид – центарот  на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.

Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, изутрината до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород, стои во соопштението.

Next Post

Калфин: Kолку и да го нарекуваме - одложување, запирање и сл, блокирањето на преговорите е многу тешко оружје што Бугарија го користи

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk