Почина 35-годишниот пациент позитивен на ковид-19 кој што синоќа избега од инфективното одделение во Битолската болница, пренесе Канал 5.
Младиот пациент бил примен во ковид-центарот на 16-ти ноември, без коморбидитети. Ден потоа со тест му бил потврден корона висрус, но бил во добра состојба. Во текот на вчерашниот ден кога се делел ручекот, избегал од ковид-одделот каде што бил хоспитализиран.
За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР, директорот на болницата и епидемиолог.
Околу 18 часот лицето било пронајдено во неговиот дом во тешка здравствена состојба и со возило на Итна медицинска помош бил донесен назад на инфективното одделение. Починал во 18.45 часот.