ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Филтрација на судството и обвинителството за поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем

November 19, 2020 16:32
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на конференцијата „Премостување на јазовите помеѓу формалните процеси и неформалните практики кои ја обликуваат судската култура на Западен Балкан“, која се одржа во организација на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, кажа дека судството во земјата ќе биде филтрирано, меѓу другото и со цел да се зголеми довербата која ја имаат граѓаните во правосудниот систем.
„Процесот на филтрирање на судството и обвинителството, меѓу останатото, треба да нѝ покаже дали имаме сериозен проблем со неформалниот кодекс на однесување. Овој процес веќе го најавивме и очекуваме набрзо да ја објавиме методологијата по која сметаме дека треба да се спроведе. Секако овој процес ќе го води Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители. Целта е да се зголеми довербата во правосудниот систем преку одвојување на судиите и обвинителите кои совесно и одговорно си вршат работата, од оние кои тоа не го прават“, истакна Маричиќ.

Според министерот улогата на Министерството за правда и Владата не е да пресудува, да суди и да се меша во конкретни судски случаи, тука да учествува во изградбата на систем на правдата, којшто ќе испорачува, ќе биде ефикасен, одговорен и транспарентен, а филтрирањето е само еден од чекорите во остварувањето на таа цел.

Маричиќ во своето обраќање на конференцијата кажа и дека во иднина особено внимание ќе се посвети на целосна имплементација на донесените закони.

Ако законите се темелот на правосудството, судската пракса или култура се неговата душа. За подобрување на состојбите во правосудството повеќе не треба да се огледуваме и да го бараме проблемот во законите, туку да се погрижиме истите да бидат дословно спроведени, кажа Маричиќ.

Next Post

На Фејсбук страницата „YМС Гази Баба“ објавено видео со палење на бугарското знаме

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk