За време на Кризна состојба, Владата има законска можност да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините на Градот Скопје, но тука вклучувајќи ги и трговските друштва, во овој случај и приватните здравствени установи, истакна претседателот Пендаровски, откако Советот за безбедност и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена поради состојбата со коронавирусот.
Воведувањето на кризната состојба на целата територија, како што потенцира, нема никаква врска со прогласување на полициски час и евентуално на рестрикции на движењето на граѓаните.
– Тоа е во надлежност прво на Комисијата за заразни болести, потоа на Централниот кризен штаб и се разбира на Владата ако така процени дека е неопходно, рече Пендаровски.
Шефот на државата очекува Владата многу брзо да прогласи кризна состојба на целата територија.