Нашиот репрезентативец загуби од Русинот Владислав Комаров на поени со 3-2 во категоријата до 91 килограм, иако во претходните две борби имаше две убедливи победи со по 5-0 против Полјакот Јакуб Стразсевски и Дује Гацина од Хрватска.
И покрај оваа загуба, освоеното трето место е историски успех за македонскиот бокс, бидејќи ова е прв медал по цели 25 години, кога сегашниот претседател на федерацијата Примислав Димовски се закити исто така со бронзен медал на ЕП во Турција.
И.Е.