ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за Франс прес: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

November 21, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„’Многу горчина’: Премиерот на Северна Македонија жали за блокадата на Бугарија во ЕУ“, е насловот на текстот што го објави денеска новинската агенција Франс прес (АФП) по интервју со претседателот на Владата, Зоран Заев во Скопје.

Заев за АФП вели дека источниот сосед му донел „непријатно изненадување“.

Создаден е голем гнев меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата, оценува Заев, но сепак изразува уверување дека е можен чекор напред.

Напоменувајќи дека постои апсурдност во целиот проблем, премиерот потенцира и дека секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“.

„Покажавме колку веруваме во европските вредности“, додава Заев, алудирајќи на компромисот за промената на името, „и сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности, тие не беа таму“.

-Блокадата на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика „многу горчина кај нас“. Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“. Тоа е прашање на самоопределување кое е во срцето на европскиот проект, истакнува премиерот.

Авторите на текстот прават и кус осврт на случувањата.

-Софија сака нејзиниот мал сосед да ги признае, како што вели, бугарските корени на нејзиниот јазик, народ и историја, пред да дозволи балканската земја да напредува во процесот на пристапување.  Северна Македонија, сиромашна земја во која живеат два милиона луѓе, се движеше и порано по овој пат. Стана кандидат за членство во ЕУ во 2005 година, но беше блокирана од Грција за да оди напред. Атина стави вето за поранешното име на земјата, Македонија, сметајќи го за напад на грчката територија и наследство. За да се надмине тој ќор-сокак, Заев склучи тежок договор во 2018 година за да го додаде географскиот квалификант „Север“ со цел да го разликува од грчката провинција Македонија, наведува Франс прес.

Француската новинска агенција потсетува и дека Бугарија, која влезе во ЕУ во 2007 година, беше првата земја што ја призна Северна Македонија откако прогласи независност од Југославија во 1991 година. Тоа беше и една од причините, дополнува, зошто Заев ги опиша како „наш најголем пријател“.

-Бугарија ја обвини Северна Македонија за кражба на нејзината историја и е особено вознемирена поради недостатокот на напредок од заедничката комисија која се обидуваше да постигне договор за заеднички наратив за учебниците, стои во написот на АФП.

Според Заев, ваквите прашања треба да се работа првенствено на историчарите, но важно е, како што вели во интервјуото, да се потенцираат и договорите што Комисијата ги постигна во некои области.

-Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ, подвлекува премиерот Зоран Заев за Франс прес.

Next Post

Јовановиќ: Таравари, може ли уште подолу?!

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk