Изборната кампања за предвремени локални избори во Штип почнува денеска и ќе трае до 10 декември. Во изборната трка учествуваа 5 кандидати и тоа од СДСМ, Сашко Николов, Симон Поликрап од Интегра, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, Лазар Наумов од партијата ТМРО и Трајче Митев независен кандидат.
Kандидатите најавија дека кампањите ќе ги водат онлајн преку медиумите и социјалните мрежи без митинзи и собири во интерес на јавното здравје и заштита од Ковид-19.
Во Штип има 80 избирачки места, три од нив се припоени бидeејќи има помалку од 10 избирачи во тие избирачки места, што значи дека се вкупно 77. Избирачки одбори има 77, односно секое ИМ има по еден одбор кој се состои од претседател, четири члена, заменик претседател и четири заменици членови.
Лицата кои се позитивни на Ковид 19 или се во изолација гласаат два дена пред денот на одржување на изборите во својот дом или во местото каде што е пријавено лицето во изолација. Гласањето го спроведува посебен ИО кој користи посебна гласачка кутија.
Општинска изборна комисија во Штип брои 12 лица – претседател, заменик претседател, четири члена , секретар, четири заменици членови и заменик секретар.
Дополнително се формирани пет лекарски избирачки одбори за позитивните на Ковид-19 и оние кои имале контакт со нив. Тие ќе гласаат на 11 декември, болните и изнемоштени и осудените лица на 12 декември. На 13 декември е првиот изборен круг за сите останати граѓани. Гласачките места ќе се отворат во 7, а ќе се затворат во 19 часот.
С. М. Ж.