ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пандемијата не ги ублажи значително климатските промени

November 23, 2020 14:34
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нивото на атмосферски јаглерод диоксид продолжи да расте оваа година и покрај очекуваниот пад по „затворањата“ во земјите поради Ковид-19, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

Многу научници оваа година очекуваа најголем годишен пад на емисиите на јаглерод со генерации, бидејќи поради мерките за контрола на коронавирусот, авионите беа приземјени, бродовите беа во пристаништата, а патниците во своите домови.

Меѓутоа, СМО го опиша предвидениот пад за 2020 година како „мало отстапување“ и рече дека резултирачкото влијание врз концентрацијата на јаглерод диоксид што придонесува за глобалното затоплување нема да биде поголемо од вообичаените годишни флуктуации.

„… На краток рок, влијанието на затворањето како резултат на Ковид-19 не може да се разликува од природната варијабилност“, се наведува во Билтенот на СМО за емисиите на стакленички гасови.

Годишниот извештај објавен од агенцијата на ООН со седиште во Женева ја мери атмосферската концентрација на гасови – јаглерод диоксид, метан и азотен оксид – кои ја загреваат нашата планета и предизвикуваат екстремни временски услови.

Нивото на јаглерод диоксид, производ на согорување на фосилни горива што најмногу придонесува за глобалното затоплување, достигна нов рекорд од 410,5 делови на милион во 2019 година.

Годишниот раст е поголем од претходната година и го надминува просекот во последната деценија.

„Ваква стапка на раст сè уште не е видена во историјата на нашите мерења“, рече генералниот секретар на СМО, професор Петери Талас, осврнувајќи се на зголемувањето од 2015 година и повикувајќи на „одржливо усогласување на кривата (на емисии)“.

Глобалните податоци сè уште не се достапни за 2020 година, соопшти СМО.

Како и другите научни организации, СМО соопшти дека очекува глобалните емисии на јаглерод да опаднат оваа година поради мерките против Ковид-19, коишто прелиминарно се проценуваа на 4,2-7,5 проценти.

Таквиот пад не би довел до пад на атмосферскиот јаглерод диоксид, но привремено би ја забавил стапката на раст на скалата што припаѓа на нормалните варијации, се вели во извештајот на СМО. /MИА/

Next Post

Бибер: Блокадата на Бугарија го киднапира процесот на проширување и го загрозува кредибилетот на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk