ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Жените жртви на насилство не се сами, преку институциите тие ја имаат нашата најголема поддршка

November 25, 2020 13:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска се обрати на настан по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените. Тој истакна дека ситуацијата со Ковид-19 значајно ги погоди здравствените системи, кај нас, во околината и секаде во светот. Една криза за која ниту еден здравствен систем не беше димензиониран и се презедоа активности на реструктурирање и реорганизација на целокупниот здравствен систем. 

„Бевме сведоци дека оваа криза не само што ни дава еден таков предизвик за третман на пациентите со Ковид-19, дава и некои други специфики, кои се повеќе и повеќе излегуваат на виделина. Имено, очигледно е дека стресот го прави своето, дека ова што треба да сме на некој начин на физичка дистанца, што е сосем спротивно на тоа што е еволуцијата на човештвото нè учи, а тоа е заедништвото.

Изолацијата за време на долгите карантини, сепак и според резултатите од Клиниката за психијатрија резултираа со зголемен број од семејно насилство. Разговарав со директорот на психијатриската клиника, секојдневно се регистрираат вакви случаи. Нивната онлајн амбуланта е преоптоварена со повици и тоа трае од почетокот на кризата, од март месец. Колегите се силно посветени на ова прашање, ги решаваат проблемите и ги зголемуваат тимовите кои излегуваат во пресрет на жртвите на насилство“, потенцираше Филипче и додаде дека некаде околу 30% е зголемувањето во однос на истиот период во 2019 година.

Филипче, информираше дека и претходно, пред Ковид-19 кризата во инклузивен процес, во соработка со сите институции и сите граѓанските организации се отворија три центри за третман на жртви на насилство во гинеколошко-акушерската клиника, во болницата во Тетово и болницата во Куманово.

„Тоа се центри коишто се целосно опремени од медицински аспект. Работат тимови од гинеколози, психолози, социјални работници, кои се на повик 24 часа и експерти од областа на судската медицина. Еден од најголемите предизвици со кои здравствените работници се соочуваат е жените кои се јавуваат на преглед практично да го признаат тоа. И треба многу вештина во пристапот, во разговорот, во отвореноста, затоа што во огромен број случаи сè уште за жал постои страв. Ова е процес којшто планираме да го продолжиме. Оваа криза одложи проекти, планови, меѓутоа секако планираме такви центри да има посебно во големите болници ширум државата. Жените знаат каде може да се обратат, сигурни се дека може да добијат соодветна стручна помош, а ние сите заедно да работиме на подигнување на свеста, заедно институциите, медиумите, граѓанските организации се со цел вакви случаи да има се помалку“, изјави Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025

Кулаков: Пресудата за прегазувањето на Фросина е срамна и тажна

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk