ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Државата најави ригорозни казни, ЗНМ бара за напади врз новинари да се постапува по службена должност

November 26, 2020 10:35
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе побара од Министерството за правда во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик во делот за казни за напади врз новинари и медиумски работници, најавени од министерот за правда, Бојан Маричиќ, да се вклучи и проширување на надлежностите на обвинителството да постапува во овие случаи, пишува „Порталб“, пренесе Мета.мк.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски за „Порталб.мк“ изјави дека ова здружение ќе побара од Министерството за правда да ги прошири надлежностите на обвинителството за да може да постапува по службена должност во кривични дела поврзани со напади и закани кон новинари и зголемување на казните за напаѓачите.

„Од Министерството за правда побаравме интервенција во Кривичниот законик преку кој на Јавното обвинителство ќе му се даде дополнителна надлежност да постапува по службена должност во одредени ситуации кога на новинарот му е повредено правото за време на службената должност, како и да се предвидат поголеми казни за оние кои ги извршуваат овие дела. На овој начин, ќе бидат решени некои од предизвиците и новинарите ќе бидат поштедени од скапите судски постапки, кои не се секогаш во можност сами да ги иницираат“, рече Чадиковски.

Покрај тоа, ЗНМ ќе побара специјална единица во рамките на Јавното обвинителство, која ќе се занимава со гонење на напади врз новинари.

„Исто така од Основното јавно обвинителство побаравме формирање на специјална единица за гонење на напади врз новинари. Очекуваме ова да се реши наскоро, првично со тоа што ќе се обврзе обвинител и негови соработници итно да ги процесуираат овие настани. Обвинителството што ќе ја има оваа обврска, не само да ги гони нападите врз новинари и медиумски работници во иднина, туку и да истражува постари случаи. Се очекува дека само на овој начин ќе се подобри негативната практика на неказнивост, која е присутна во моментов“, изјави Чадиковски за „Порталб.мк“.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во говорот на веб-семинарот „Измени и дополнувања на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решенија за зајакнување на безбедноста на новинарите“, рече дека Министерството веќе ја започнало постапката за подготвување на новиот Кривичен законик што ќе вклучува кривични дела со кои ќе се зголеми нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

За изготвување на квалитетен текст на законот, од ова министерство веќе имаа состаноци со претставници на новинари и здруженијата на новинари, вклучително и ЗНМ и синдикатот.

„Разбирливо е дека нивните предлози се добредојдени, бидејќи само преку отворен дијалог со новинарите, ќе можеме да донесеме нов закон кој целосно ќе ги заштити за слободно да ја извршуваат својата одговорна работа, додека сите тие што ќе се обидат да заплашат или физички или вербално да ги нападнат новинарите, односно медиумските работници, да бидат строго казнети“, истакна Маричиќ.

Според статистиката на ЗНМ, објавена на почетокот на ноември, од почетокот на оваа година се пријавени вкупно 14 напади и брутални закани кон новинари, од кои повеќе од половина се против новинарки. За споредба, минатата година имаше четири вакви инциденти, што значи дека оваа година има три пати повеќе напади и закани.

Иако физичките напади се намалени, загрижува фактот што сè повеќе закани по животот на новинарите се пријавуваат на социјалните мрежи. Во врска со ова, треба да се направат дополнителни напори од Министерството за внатрешни работи со санкционирање на сторителите, додека за посериозни случаи да се побара Јавното обвинителство да поведе кривична постапка.

Создавањето безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници редовно е забележано во извештаите на Европската комисија за Република Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Француската „Венеција на Алпите“ – малку позната за туристите

June 25, 2025

„Ајфон“ нуди поголема родителска контрола и надзор врз детските уреди

June 25, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) „Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“-возила годишно

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: ВИ

    (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Првите слики од опсерваторијата „Vera Rubin“ ја отвораат новата ера на космичко истражување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk