ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заев – Време е да создаваме историја која создава иднина, Пендаровски – спорот може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ

November 26, 2020 12:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост. Дајте да живееме денеска. Време е да создаваме историја која создава иднина за младите и за идните генерации.“, изјави Заев.

Македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ, и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции. Ова е дел од оценката на претседателот Стево Пендаровски, по ставовите изнесени од премиерот Заев

Армијата од денеска се очекува да се вклучи во обезбедување на здравствените институции. Ќе се обезбедуваат клиниките во Скопје, поголемите болници во главниот град, како и болниците во Тетово, Битола, Гостивар, Дебар, Куманово, Штип, Велес и други.

И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска.

Пандемијата на коронавирусот може да ја уназади рамноправноста на половите за 25 години, покажуваат податоци на UN Women.

Што ќе биде утре, тешко е да се предвиди. Жирито заседава… Но, јас би прогнозирал победа на Заев во фото-финиш, за гради пред спасоносно разбудените политички противници. На Македонија, просто, ѝ е судено да игра во европско финале!

АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија, ја поздравува одлуката на Владата за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во износ од 144.260.500 денари на 89 јавни комунални претпријатија-членки на Здружението.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе побара од Министерството за правда во новите измени и дополнувања на Кривичниот законик во делот за казни за напади врз новинари и медиумски работници, најавени од министерот за правда, Бојан Маричиќ, да се вклучи и проширување на надлежностите на обвинителството да постапува во овие случаи.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово со кои разговараше за активностите и проектите на ова здружение во насока на подобрување на условите и можностите на лицата со попреченост во општествениот живот и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Со ветото за стратот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, бугарската Влада игра на националистичка карта, пред се поради голем број внатрешни политички причини, од што последиците, сепак, веројатно ќе бидат големи на среден и подолг рок, оценува ватиканскиот весник „Осерваторио Балкани е Кавказо“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царовска на состанок на COST: Воведуваме целосно нов начин на финансиска поддршка за науката и истражувањата

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk