ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Политичкатa волја и верификуваните историските факти се предуслови до кои треба се држите во решавање на стратешки спорови

Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање, изјави Пендаровски за ДВ.

November 26, 2020 08:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ, и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции. Ова е дел од оценката на претседателот Стево Пендаровски, по ставовите изнесени од премиерот Заев во вчерашното интервју за бугарската агенција Бгнес. Ставот на Пендаровски е дел од интервјуто за Дојче веле, кое интегрално ќе биде објавено утре.

„Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ – да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна.

Во првиот дел, нашата јавност знае дека јас сум првиот македонски политичар во историјата кој јавно понуди поширок политички дискурс во однос на еден од најголемите апостоли на македонското револуционерно движење. Меѓутоа, не отидов понатаму, затоа што тоа е работа на Комисијата составена од историчари, најмалку работа на политичарите. Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја. Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите. Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница. И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти, е заснован врз политички конструкции“, изјави Пендаровски.

„Невнимателни со зборовите“

Македонскиот претседател вчера беше директно спомнат од новинарот на Бгнес. По најавата на премиерот Заев дека во земјава ќе се санкционира говор на омраза и други чинови кои се спротивни на заложбите за пријателството со соседите, новинарот праша дали тоа значи и разграничување од тврдењата дека Бугарија е живковистичка држава, по што искоментира: „Претпоставувам дека Стево Пендаровски знае дека Тодор Живков 30 години не е на власт”.

„Секако дека знае“, одговори Заев.

„Верувајте дека и претседателот Пендаровски ѝ е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Работел тој со нашите политичари како што е Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада, тој е сериозен општественик и целосно е посветен на пријателството со нашите соседи и со Бугарија и, секако, на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некогаш, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со употребата на зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот ум е комплетно желбата и сонот за големо пријателство кое го имаме, но треба да го доизградиме, и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија“, изјави Заев.

Извор: Дојче веле

Next Post

ОН: Рамноправноста може да се врати 25 години наназад

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk