Лицемер како Мицкоски може да бара вонредни парламентарни избори, а истовремено да бега од предвремени локални избори во Штип. Предвремени локални избори во Штип ќе се одржат по сила на закон, велат од СДСМ Штип.
„Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, а сега бегаат од локални избори во Штип. ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки, а бега од избори, затоа што има страв од соочување со граѓаните.
Да се грижеше Мицкоски за здравјето на граѓаните немаше да ги поткопува сите напори во борбата против коронавирусот, со опструкции, критики и лажни вести. Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека изборите се опасни за јавното здравје“, велат од СДСМ Штип.