ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина

Oна што премиерот го кажа не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба. Планот, политиката, желбата на премиерот е да отвори малку повеќе врати помеѓу соработката на Северна Македонија и Бугарија и да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век, нагласи Шекеринска.

November 26, 2020 14:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Како Влада и како луѓе ќе правиме сè што е во наша можност да не направиме сите ние да бидеме заложници на историјата. Темните страници од балканската историја не треба да ни бидат судбина и ако европските нации најдоа сила да не забораваат, но да простуваат, тоа треба да го правиме и ние. Нашиот обид како Влада е да наоѓаме решенија кои ќе ни обезбедат европска иднина, нагласи денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа, на новинарско прашање околу реакциите за интервјуто за бугарски медиум на премиерот Зоран Заев, посочи дека она што премиерот го кажал не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба.

– Планот, политиката, желбата на премиерот е да отвори малку повеќе врати помеѓу соработката на Северна Македонија и Бугарија и да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век, нагласи Шекеринска.

Министерката за одбрана потенцираше дека она што го покажале во изминатиот период како Влада е дека сакаат и знаат да работат на компромис, но и дека кажувааат „не“ и не бегаат од „не“ таму каде што предлозите се неприфатливи. Така, како што посочи, ќе продолжат да прават и понатаму.

– Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато. Прашањето не е дали ќе ја читаме или ќе ја заборавиме историјата, треба да се памети историјата. Прашањето е дали денеска ќе ги носиме одлуките исклучиво базирани на тоа што се случувало пред 70 години. Јас мислам дека мнозинството граѓани особено оние кои се силни поддржувачи на антифашистичката борба во Македонија сакаат да ја гледаат иднината како таква шанса, не како заложник на историјата, заклучи Шекеринска.

Next Post

„Елевејт глобал“ е првата стартап-компанија поддржана од Бизнис-акцелераторот на УКИМ

НАЈНОВО

Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата

August 26, 2025

АНАЛИЗА на Порталб: Инфлацијата не се победува со популизам, туку со структурни реформи и строга буџетска политика

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk