Еден ден ќе бидеме вистински пријатели, со европска сегашност и иднина.
Еден ден ќе се заврши Коридорот 8 и побрзо и повеќе ќе се оди натаму. Повеќе и побрзо ќе ни доаѓаат и они наваму.
Еден ден ќе се изгради и пругата до Бугарија. Од кога ја правиме? Кој губи со тоа што сега ја нема?
Еден ден ќе можеме на нашите кабловски да гледаме и други бугарски телевизии, не само овие со турбофолк. Има таму многу попристојни програми.
Еден ден ќе има наши спортисти кои и во Софија постигнале одлични резултати. Ќе има и нивни спортисти кои постигнуваат успеси кај нас.
Еден ден ќе има многу повеќе наши уметници таму, а нивни уметници овде. Уметниците со својата работа ќе изградат други мостови.
Сега сме заедно во НАТО, еден ден ќе бидеме заедно и во ЕУ.
Еден ден и ние ќе претседаваме со ЕУ.
Ќе беше многу подобро тој ден да беше пред 10-15 години, ќе биде уште полошо ако тој ден биде после уште 30 години.
Тој ден ќе бидеме подобри соседи.
Тој ден ќе се разбираме многу повеќе од денес.
Тој ден ќе бидеме многу посвесни за потенцијалот кој го има нашето пријателство и соработка.
Фејсбук објава на Џељо Хоџиќ