ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поради загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци – бремени и хронично болни ослободени од работа, да се згрижат бездомниците

November 28, 2020 12:11
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретаријат на Владата соопшти дека согласно податоците за загаденоста на воздухот кои биле доставени пред вчерашната седница на Владата, за Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат во сила препораки и мерки според кои од работа треба да се ослободат бремени жени, лица со хронични болести, постарите од 60 години, да се намали сообраќајот и градежните активности, да се згрижат бездомниците.

Генералниот секретаријат на Владата соопшти дека согласно податоците за загаденоста на воздухот кои биле доставени пред вчерашната седница на Владата, за Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат во сила препораки и мерки.

„Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 175 g/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), е надминат на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци”, гласи информацијата што ја доставило Министерството за животна средина и просторно планирање..

Информацијата е доставена и до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот, соопшти Министерството за животна средина.

На локалните власти и работодавачите им се препорачува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Понатаму се препорачува на сите правни субјекти (работодавачи да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.
Се пропрачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да обезбедат ограничување на работите на градежните објекти.
Исто така Министерството за труд и социјална политика во соработка со Црвенот крст, здравствените домови и општините да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да пружат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Next Post

Шекеринска: Ќе направиме сè за да најде решение, но никако на сметка на црвените линии

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk