ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Актуелните мерки даваат резултати, нема потреба од нови

November 29, 2020 08:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 1.248 пациенти со Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и слободни кревети има. Сите одделенија на клиничките болници располагаат и со болнички места до кои има довод на кислород. Засега не се размислува за нови рестрикции, бидејќи вака димензионираните мерки постепено ја олабавуваат ситуацијата. Според здравствените власти досегашните мерки даваат резултати и дополнителни рестрикции не би имале некаков позначаен ефект.

Во сите земји во Европа, како што рече министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната средба со приелепскиот градоначалник Илија Јованоски, ваква комбинација даде резултат. Во таа смисла, рече тој, како за Прилеп, така и за територијата на целата држава, засега не доаѓа предвид да се воведуваат дополнителни мерки.

Ситуацијата во прилепската болница оцени дека одлично се менаџира со пет ковид-оддели. Тој и прилепскиот градоначалник најавија дека од денеска над 30 матични лекари со тимови ќе почнат да волонтираат и да бидат на помош на исцрпениот медицински персонал во прилепското Инфективно одделение.

Што се однесува до епидемиолошката состојба во Прилеп, градот е во третината градови со благ пораст на новозаразените, но на национално ниво еднаков е бројот на заразените последните недели, а се намалува притисокот врз болниците, и во прилепската, за прегледи. Но ситуацијата се следи со внимателност, поради непредвидливоста на вирусот, како и во светот.

До крајот на годинава четири модуларни болници ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од Ковид-19. Приоритет ќе се даде на Куманово и Струмица каде капацитетот е најкритичен, а потоа и Гевгелија и Струга.

Што се однесува до брзите тестови, има доволно. Со донациите на располагање се преку 100 илјади брзи тестови.

Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство се регистрирани 1.022 нови случаи на заболени од Ковид-19, починати се 41 лица, а оздравени се 680 пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60.723, бројката на оздравени пациенти е 37.505, на починати е 1.699, а бројот на активни случаи изнесува 21.519. /МИА/.
Next Post

Каракачанов се самопрогласи за премиер и продолжи со својот вулгарен популизам

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk