ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Намерно или не, Јанушев потврдува дека неговата партија организира и поттикнува антибугарската пропаганда, македонската иднина е европска…

November 29, 2020 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Македонската иднина е европска. Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

СДСМ: Мицкоски, со кои структури во Бугарија интензивно соработуваш? „Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се подготвува нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции? Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија”, рече Костадинов.

Портрет: Проф. д-р Катерина Колозова, светски позната авторка на бестселери во областа на филозофијата. Едно од најважните имиња во светската современа филозофија доаѓа токму од Северна Македонија. Таа е дел од интелектуалците кои својата општествена одговорност ја сфаќаат сериозно и секојдневно даваат драгоцен придонес кон општествените процеси.

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Во статусот, Заев наведува дека сите премрежја, окупации и блокади биле надминати заради желбата за подобро утре и подобар живот.

Борисов: Бугарија има голема желба за почеток на преговори со Северна Македонија, но ме изненади резолуцијата на ЕП за малцинството. -Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? Јас не познавам такво малцинство, изјави Борисов за ФАЦ.

МЗ: Во ниедна здравствена установа не е забрането снимање, но законски мора да се заштити идентитетот на пациентот. Денеска предмет на интерес на повеќе медиуми беше ГОБ 8 Септември, ве информираме дека директорот д-р Христијан Костов не издал наредба за забрана за снимање на болницата.

Заев: Да не заборавиме, но да простиме. Европа ги реши прашањата на европски начин, треба и Балканот да ги реши прашањата на европски начин, ако сака да продолжи кон Европа, напиша Заев на социјалните мрежи.

Ангелов до Апасиев: Повеќе ви одговара да читате и да пренесувате селективно, не водејќи грижа за штетата која му ја правите на народот.

Доследен ли е Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ кога го цитира Славко Јаневски? Инаку, академик Јаневски на иницијатива на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, во 2013 година беше лустриран  како соработник на тајните служби.

Намерно или не, Јанушев потврдува дека неговата партија организира и поттикнува антибугарската пропаганда. – пишува Џабир Дерала.

Рефлекси без дух. Историјата на светската политика познава поограничени луѓе од Христијан Мицковски, не многу поограничени, затоа што само малку поограничените од него, веќе не се во зоната на хомо сапиенсот, но не познава, верувајте ми на зборот и на науката….пишува Бранко Тричковски. 

Кардула со 75 илустрации од „бруталистичките“ споменици од НОБ во поранешна Југославија. На Behance.net може да ги погледните сите 75 илустации од Зоран Кардула посветени на спомениците од НОБ на територијата од поранешна Југославија.

Бесими: Двојно повисок економски раст со Стратегијата за попаметен раст.  Стратегијата за заздравување и забрзан раст на економијата, додаваат, се заснова на четири столба – економско заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен и одржлив раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности, посочи министерот.

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави. Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.

Николов: Програмата „Во сигурни раце“ нуди решенија за развој на Штип како еколошки чист град.

Само заедно вклучени во процесите ќе постигнеме добри резултати, како што е и програмата со која од Вас, штипјани и штипјанки ја барам довербата, изјави кандидатот за градоначалник на Штип, д-р Сашко Николов, од редовите на СДСМ.

Србија: Рекордни 65 смртни случаи од Ковид-19 во еден ден. До денеска во земјата се регистрирани вкупно 169.214 случаи на Ковид 19, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 1.549 лица.
И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Никола Писарев

Наместо владин авион Меморијален мултимедијален центар во Кочани

May 10, 2025

НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

May 10, 2025

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk