ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Доследен ли е Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ кога го цитира Славко Јаневски?

November 29, 2020 13:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет!“ – Оваа „вест“  вчера ја објави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, додека протестираше за оставка на премиерот Зоран Заев.

Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет! pic.twitter.com/u6lCSEFLlX

— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) November 28, 2020

Изјавата која не е наивна и објавена без информација од каде Мицкоски дошол до вакво сознание предизвика негодување кај македонскиот политички врв, но и кај бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Тој дури го нарече Мицкоски лажго и во изјава за БГНЕС рече дека со вакви лаги, Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани.

Ковачев ја нарече изјавата на Мицкоски хистерична.

„Христијан Мицкоски лаже. Тој манипулира и секој негов збор е лага. Мицкоски се обидува да добие некакви почитички поени со измислиците што ги кажува. Тврди дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија и ги плаши граѓаните, а тоа е апсолутна лага, измислица и глупост, категоричен е Ковачев.

Реакции пристигна и од владејачката СДСМ. Оттаму порачаа дека оваа изјава ги навреди Македонците и дека Мицкоски треба да му се извини на народот за изнесените лаги.

„Хистерија по сите дефиниции е карактеристика на нервно растројство. Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ. Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски“, се наведува во партиската реакција.

Покрај изјавата која наиде на многу реакции, Мицкоски на вчерашниот протест пред Владата, во своето излагање рецитираше стихови од песната „Цветови“ на покојниот великан, академик Славко Јаневски.

Инаку, академик Јаневски на иницијатива на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, во 2013 година беше лустриран  како соработник на тајните служби.

„В Тиквешко негде в некое село кај в слана тивко венеше цвете, убија дете“ рецитираше Мицкоски на почетокот на протестот и нагласи дека „не смееме да ги игнорираме пораките кои ни ги оставиле нашите големи луѓе“.

Цитатот од познатата песна „Цветови“ на Јанески се однесува на масакрот во селото Ваташа во Втората светкса војна.

Еден од најдобрите македонски романописци и поети Славко Јаневски, беше лустриран 13 години по неговата смрт, а за ваквата одлука имаше многу реакции од семејството на писателот, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и од јавноста.

Според МАНУ, постапката на Комисијата за верификација на факти против академик Славко Јаневски е удар врз македонскиот национален идентитет, уставниот и правниот поредок на Македонија.

Тогашната Комисијата за лустрација (Комисија за верификација на факти) не го објави неговото име, но наведе дека се работи за академик и писател познат по делото „Селото зад седумте јасени“. Досието на Јаневски се води под псевдонимот „Славјан“.

„Станува збор за писател, академик, кој пишувал за село зад седум јасени. Во периодот на шеесетите и седумдесетите години како информатор од идеолошки причини ги кршел човековите права на лица уметници, сликари, писатели и артисти…“, изјави Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата за лустрација на 28.11.2013 година.

Според Комисијата, починатиот поет е лустриран затоа што соработувал со тајните служби и следел писатели и уметници, а пред тајните служби ги кодошел, а за некои тврдел дека пишуваат лоша литература. А Мицкоски, претседател на истата партија која го лустрираше Јаневски, го (зло)употреби токму човекот кој посмртно беше изложен на ѕидот на срамот на Лустрациска.

И. Зафировска

Next Post

Приведен крадец што крадел во цркви во Охридско

Најново

Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk