ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стефоска: За заштита на нашите културни добра мора да се вклучат и локалните самоуправи и имателите на тие добра

November 30, 2020 10:27
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„После 2002 година, проектираниот буџет за следната година е сигурна сум најголемиот. Оваа година обезбедивме 12 милиони денари наменети за заштита на црквата Св. Ѓорги во Курбиново бидејќи отпочнатa е конзервацијата на архитектурата на црквата, превентивната заштита на фреските е направена, надзорот е обезбеден, но, проект за конзервација на фреските сè уште не е подготвен. Од тие причини, заедно со музеј Битола и со постоечките кадровски потенцијали во земјава, а пред сè, јас како прв човек на Министерството за култура и тимот, работиме интезивно да обезбедиме и странска поддршка и експерти коишто ќе се вклучат заедно со домашните експерти во подготовка на проектот за конзервација.“, истакна министерката за култура Ирена Стефоска во гостувањето во „Утрински брифинг“, на Слободен печат.

Стефоска се осврна и врз ситуацијата со корона-кризата и истакна дека тоа многу ги комплицира работите бидејќи сега е невозможно да се патува и веднаш да се реагира, но напомна дека има начини сето тоа за почеток да почне и во онлајн комуникација.

Министерката рече дека управата за заштита на културно наследство повторно актуелизирала црквата Св. Богородица, во с.Матејче, да биде ставено како културно добро во опасност.

„Уште во 2017г. управата за заштита на културно наследство иницирала ова културно добро (Св. Богородица, Матејче) да биде ставено како културно добро во опасност повторно се актуелизира таа процедура и колку што сум информирана националниот конзерваториум и управата, работат на тоа исто како и во случајот на црква Св. Ѓорги во Курбиново бидејќи ставањето според законската можност на едно културно добро во опасност подразбира мобилизација на сите ресурси во државата, финансиски, кадровски, вклучително и странска експертиза.“, рече Стефоска.

Таа потенцира дека во заштитата на нашите културни добра освен надлежните институции мора да се вклучат и локалните самоуправи и имателот на сите овие добра

„Она што мислам дека успеавме во овие месец и пол дена да направиме и го направивме, обезбедивме средства преку Министерството за култура за националниот конзерваторски центар да веднаш почне да работи превентивна заштита на црвката Св. Богородица во с.Матејче, да ја заштити од надворешни влијанија сè до моментот кога ќе почне да се работи на крајно решавање на овој проблем. Во заштитата на нашите културни добра освен надлежните институции мора да се вклучат и локалните самоуправи и се разбира имателот на сите овие добра во случајов зборувам за МПЦ. Апелирам сите страни да го понесат својот дел од одговорноста ако сакаме да направиме максимално професионален систем на заштита.“, рече Стефоска.

J. Ѓ.

Next Post

Граѓански здруженија бараат закон кој ќе спречи хидроцентрали на Шар Планина

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Правила за избор на градоначалник: Победува кандидатот со најмногу гласови, ДИК резултатите ги објавува во рок од 12 часа

November 2, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈО: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk