„Правдата стасува етапно кај нас, не е тоа процес ниту еден момент во којшто можеме да кажеме сега дојде правда меѓутоа не може да се каже дека е се исто и дека ништо не е променето во изминативе три и пол години, сепак имавме крупни случаи кои беа отворени а дел од нив и затворени пред суд. Имаме ситуација во која двајца поранешни министри за внатрешни се веќе со затворски казни, издржуваат казна имаме поранешен премиер којшто е осуден и во бегство. Значи не можеме да кажеме дека немало крупни риби во борбата против криминалот и корупцијата. Секако дека тоа не е доволно, дали може уште повеќе секако дека можеме“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на телевизија 24.
Министерот потенцира дека не е лесно да се донесе правдата и дека целта е да се воспостави систем во кој правдата ќе се испорачува и граѓаните ќе ја чуствуваат на дело.
„Никогаш не сме се откажале од таа желба и битка да донесеме правда, пред сè да воспоставиме систем во кој правдата ќе се испорачува и граѓаните ќе ја чуствуваат на дело. Тоа не е лесна задача, но мислам дека ќе успееме. За таков процес потребно е повеќе од еден мандат, законските претпоставки се донесени, имплементацијата е во тек.“, рече Маричиќ
Ј. Ѓ.