ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Речиси двојно поголем број оздравени пациенти од нови случаи на Ковид-19, уште e висок бројот на починати

December 1, 2020 07:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32.

Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизира.

-Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи. Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат, имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети подготвени да се отворат, рече Филипче по вчерашниот состанок со директорите на ковид – центрите во комплексот „Мајка Тереза“.

На состанокот била разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија и по направените анализи било заклучено дека минатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе има благ пад на бројот на хоспитализирани на дневно ниво.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во ковид-центарот на Клиниката  за кожни болести се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35, на Институтот за ТБЦ  44 пациенти со симптоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат 26 лица, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 и во ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле има 35 пациенти, од кои девет деца и 24 возрасни. Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид – 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. На сите инфективни одделенија има довод на кислород и може да бидат згрижени пациенти на кои им е потребно кислородна поддршка, информираат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од 12 лекари и 20 медицински сестри се вклучи во работа на интерните клиники каде има неколку ковид – оддели.

Медицинските екипи од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата. По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид – центрите низ државата. Преку Министерството за одбрана донација од 10 000 брзи тестови од Кралството Норвешка доби Министерството за здравство, а на почетокот од ноември Армијата даде на користење и пет амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на коронавирусот. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се бројат деновите до новиот состанок на Советот на ЕУ, Меркел вели, уште има шанса за првата меѓувладина до крајот на годината

НАЈНОВО

Кабранов и Зенку анализираат: Жестока предизборна реторика, притисоци врз опозициските кандидати

September 16, 2025

Почнува новата сезона во Лигата на шампиони

September 16, 2025
Фото: Скирншот, АП

Рубио најави можна средба меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк следната недела

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk