ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија не само во земјава, туку и пошироко, која влезе во ниски теории на заговор поврзано со пандемијата.
Откако вчера по долг период, за прва пат по долго време имавме помал број и помал процент на позитивни случаи од вкупно тестирани за корона вирусот, денеска опозициската партија го обвини министерот за здравство за штелување на бројки.
“Што прави Филипче? За девет месеци не успеа, ама баш ништо да направи за здравствениот систем. Не успеа да го прилагоди и организира за корона епидемијата, и од вчера тргна во очигледно штелување на корона бројки. Што сака Филипче да постигне со полноќно објавување на статистиката?”, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за здравство вчера по полноќ известуваше дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, од кои резултираа 336 позитивни случаи на Ковид-19, а починале 32 пациенти.
Д. Е.