Амандманот а левица поднесен во Собрание. Не треба да ви објаснувам за сериозноста на амандманот и сериозноста на левица како партија после ова. Ку*ето апасиев само докажа дека е во Собрание за да изиграва дворски шут, без суштински и конструктивно да учествува во работата на Собранието и да ги подобрува условите за живот на граѓаните. Како попален тинејџер, лајкови му се битни на него:), напиша Круме Смилков на својот фејсбук профил.
Во прилог првиот амандман.
Ниту останатите амандмани на опозициската Левица не беа помалку „шегобијни“.
Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокираше измените на деловникот на Собрание, со кои би се овозможило седниците да се одржуваат онлајн. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, реагираше денеска дека опозицијата се однесува неодговорно, несериозно и на штета на граѓаните и институциите.
И.З.