ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Геј во Брисел, анти-ЛГБТ во Будимпешта

December 2, 2020 07:21
in ДЕНЕС, МОЗАИК, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Унгарски европратеник поднесе оставка откако учествувал во геј-оргии во Брисел за време на полицискиот час. Станува збор за Јозеф Сајер, еден од најблиските соработници на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Конзервативниот унгарски европратеник и близок соработник на премиерот Виктор Орбан, Јозеф Сајер (насловна фотографија) се најде во средиштето на геј-скандал кој осамна на насловните страниците во медиумите во Европа. Тој се извини откако белгиската полиција го фати на забава во геј-бар. Сајер претходно поднесе оставка од владејачката партија Фидес во Унгарија и од функцијата европратеник со образложение дека „дневната политика станала емотивен товар за неговите плеќи“. Но, наскоро стана јасно дека нешто друго се крие зад одлуката.

Европратеникот признава дека ги прекршил белгиските мерки против пандемијата на коронавирусот и преку соопштение се извини на семејството, колегите и гласачите. „Тоа беше неодговорно од моја страна. Подготвен сум за казната што ќе ми ја определат“, вели Сајер. Наведува дека полицијата му дала „официјално вербално предупредување“ и го вратила дома. Сајер тврди дека не бил дрогиран, но жали и се кае што ги прекршил прописите за коронавирусот, пренесува Дојче веле.

Гол бегал низ прозорец

Како што објавија белгиските медиуми, спорната забава се случила во петокот навечер за време на полициски час, кој во главниот град на Белгија започнува во 22 часот и трае до 6 часот наутро. Забавата била организирана на првиот кат на зградата над геј барот Ле Детур, во центарот на Брисел. Кога полицијата упаднала, неколку учесници биле голи, а еден се обидел да побегне и притоа се повредил. Дваесетина луѓе, вклучувајќи го и Сајер и засега непознати дипломати, биле парично казнети поради тоа што во петокот навечер биле на приватна забава на која имало секс, дрога и алкохол.

„Прекинавме оргии!”, рекол еден извор за белгискиот весник Ла Дерние ер (ДХ).Повеќето од присутните биле мажи и сите биле казнети за прекршување на мерките против коронавирусот, рекол изворот.

Во Белгија се забранети собири на повеќе од четири лица и е воведен полициски час во обид да се ограничи ширењето на Ковид-19. Но, и покрај тоа се одржала забранетата забава на која биле присутни неколку дипломати, а европратеник според медиумите се обидел да избега низ прозорец, но се повредил. Полицијата го фатила и го испрашувала. Тој тогаш се повикал на својот европратенички имунитет, пренесува Брисел тајмс. Покрај тоа, полицајците пронашле и дрога на местото на настанот.

Јавното обвинителство соопшти дека случаен минувач пријавил во полиција дека видел човек што бега по олукот. „Рацете на човекот беа крвави. Можно е тој да бил повреден при бегството. Во неговиот ранец беа пронајдени наркотици“, се вели во соопштението на јавното обвинителство. „Човекот не достави документи со лични податоци. Тој беше придружуван до неговото место на живеење, каде што со дипломатски пасош се идентификуваше како С.J. (60)”.

Кој е Сајер?

Сајер е еден од најблиските соработници на унгарскиот премиер Орбан. Бил член на советот кој го подготвувал нацртот на новиот устав од 2012-та година, со кој се барала заштита на „христијанските вредности“ и дефинирање на бракот како заедница на маж и жена. Кон крајот на 90-тите студирал во Оксфорд како стипендист на организациите на Џорџ Сорос, кого сега заедно со Орбан го обвинуваат за поткопување на традиционалните вредности на унгарското општество.

Извор: Дојче веле

Next Post

Владата бара продолжување на кризната состојба, намален притисокот врз болниците, здравствените власти внимателни

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk