ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата бара продолжување на кризната состојба, намален притисокот врз болниците, здравствените власти внимателни

December 2, 2020 07:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни 2021 година бара Владата од Собранието. Одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. Земјава и сега се наоѓа во 30-дневна кризна состојба која треба да заврши на 19 декември.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера во емисијата „Клик“ на телевизија 21 изјави дека она што сега се случува во земјава е сериозно намалување на притисокот на пациентите кон болниците, но оти се многу внимателни бидејќи многупати досега се покажало дека вирусот е многу непредвидлив.

– За разлика од првите недели од ноември кога обезбедувавме нови одделенија и болнички кревети, сега  речиси еднаков е бројот на новопримени и бројот на испишани пациенти. Факторот на преносливот од почетокот на номеври кога беше еден ипол, сега е некаде околу еден во зависност од бројот на напаравени тестови што ни дава за право да кажеме дека ситуацијата на некој начин се смирува. Далеку е ова од ситуација кога дефинитивно можеме да кажеме – можеме да здивнеме. Ситуацијата оди кон тоа да се стабилизира и понатаму. Многу сме внимателни бидејќи многупати досега се покажа дека вирусот е многу непредвидлив. Не знаеме што може да очекуваме. Немаме параметари врз основа на кои можеме со сигурност да дадеме прогноза како ќе оди ситуацијата понатаму, рече Филипче.

Според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стефановиќ очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда, рече Стефановиќ.

Ниту еден пациент не се враќа дома без да се прегледа, нагласи Стефановиќ.

Стастистиката на здравствените институции покажа дека во изминатите 24 часа се евидентирани нови 1069 случаи од направени 3012 тестирања. Министерството за здравство информираше за 29 починати лица и за 1242 оздравени пациенти.

Сите починати се во болнички услови. Седум починати се од Скопје, четворица од Прилеп и Гостивар, тројца од Куманово и Гевгелија, двајца од Битола и од Струмица и по еден од Тетово, Кавадарци, Радовиш и Неготино.

Најголем дел од новозаразените се од Скопје-489, по што следуваат Прилеп со 81, Куманово со 60 пациенти, Гостивар и Штип со 42, Охрид со 41, Кавадарци со 37 и Тетово, Струга, Велес, Битола и Кавадарци со по 37 нови случаи./МИА/.

Next Post

Повторно амбасадорски состанок на ЕУ за проширување, мали шансите за преговори

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk