ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обука на наставници за воведување сеопфатно сексуално образование во четири пилот училишта

December 2, 2020 19:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во четири основни училишта во Скопје и Тетово, две во урбани и две во рурални средини, од идната учебна година во деветто одделение ќе почне  пилот-програма  за сеопфатно сексуално образование. Дотогаш наставниците што ќе предаваат ќе бидат обучени за модел најприфатлив за учениците, за потоа овој вид образование да се интегрира во образовниот систем.

На обуките, кои почнаа да се реализираат денеска преку Бирото за развој на образованието и во соработка со невладината ХЕРА, наставниците ќе ги стекнат неопходните знаења и вештини за сите тие теми поврзани со сеопфатно сексуално образование, согласно со последните препораки на УНЕСКО за возраст од 12 до 15 години. Темите се однесуваат на род и пол, сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, сексуално, насилство, граѓански аспекти и дискриминација, тело и слика за телото и врски и односи.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на почетокот на обуката за наставници изјави дека денес не може да постои современо и квалитетно образование без да се оствари еден  од националните стандарди од основното образование – личен и емоционален развој на секое дете кое завршува деветолетка.

-Во наставните програми досега не се зборувало ниту за емоции, ниту за лично прифаќање, ниту за ненасилство и градење релации и емоции со семејството, надвор од семејството, со врсниците, со опкружувањето во кое живееме. Верувам дека новиот концепт за основно образование, опфакајќи ги сите овие теми, директно ќе наметне теми,  како превенција од насилство, зашто многу зборуваме, а малку се прави. Не секое дете има можност за своето семејство да зборува на овие теми. Сега на професионален и структуриран системски начин  ќе треба да се зборува во училиштата, изјави Царовска.

Рече дека пилот-програмата во четирите училишта ќе покаже на кој начин учениците зборуваат и како ги стекнуваат овие информации, како тоа влијае на нивниот емоционален и личен развој и како понатаму во формалното образование ќе треба да се воведат овие теми.

Бојан Јовановски од невладината ХЕРА, која настојува повеќе од десет години  да се воведе сексуално образование во училиштата, соопшти дека целта на програмата е да се измерат ефектите и влијанието од спроведување на овие теми за создавање позитивни ставови и вредности кај младите. Со воведувањето на наставната програма ќе се спроведува и евалуација која, рече, ќе ги покаже добиените резултати со цел да се види понатаму какво системско решение би можело да се интегрира во образовниот систем.

Ајша Ајрулаи од Бирото за развој на образованието соопшти дека се направени сите потребни подготовки за да почне обуката, а тие се состојат од развивање компетенции  за овој вид образование за да се стигне до подоготвка на програмата која сега е пилот-проект во четирите училишта.

По завршувањето на обуката, наредната година ќе почне втората фаза во која сеопфатното сексуално образование ќе биде дел од изборните програми во пилот-училиштата. Наставната програма која е подготвена со експерти од БРО се состои од 36 училишни часа.

Пилот-програмата е поддржана од Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР) и Фондот за население при ОН – УНФПА.

Next Post

Kулминација на полициската тортура, двајца полицајци тепале затвореник во струмичкиот затвор

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk