ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Kулминација на полициската тортура, двајца полицајци тепале затвореник во струмичкиот затвор

December 2, 2020 19:33
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter
На 01.12.2020 година полициската тортура кулминира до тој степен да се тепаат лица кои се на издржување на казна затвор, кои се тепани од полициски службеници од МВР, во службените простории во Затвор Струмица, пишува во објавата на Ненад Јовановиќ на неговиот Фејсбук профил.

На 01.12.2020 година околу 09,30 часот, полициските службеници Петров Петре и Ангел Мастев од ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА СТРУМИЦА, отишле во Затворот за да достават Службен документ на лицето Јасмин Амедовски од Струмица кој е на издржување казна затвор.
Во Затворот односно во службените простории почнале да го тепат на лицето Јасмин Амедовски удирајки го со тупаници, при што од страна на чуварската служба во Затворот се пристапил кон отргнување на полициските службеници за да ги одвратат од продолжување со тепањето. По случување на настанот, настанот е пријавен во Свр Струмица од каде се превземени мерки за расчистување на случајот.
Ваквиот невиден случај на полициска тортура ги поминува сите норми на едно демократско општество, и наликува на тоталитаризам каде полициските службеници однесувајќи се како шерифи, ставајки се во улога над законот, понесени од моќта која и ја дава униформата се однесуваат диктаторски, однесувајќи се према лугето како безвредни предмети.
Ке се стави ли конечно крај на ваквата полициска тортура. Ке се превземат ли конечно законски мерки против ваквите полициски службеници, за кои законите подеднакво важат и за нив со доследно спроведување на Законите, или и понатаму ке бидат оставени да се однесуваат како шерифи, користејки ја униформата за лечење на своите комплекси, однесувајќи се како улични насилници, пишува Јовановиќ.
Од струмичката полиција е потврдена оваа информација и изјавено е дека Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против П.П.(31) од село Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик.
Next Post

Царовска: Со стратегија за паметна специјализација обезбедуваме одржлив економски раст

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk