Амбасадорите на земјите членки денеска уште еднаш ќе се состанат во пресрет на министерскиот совет на ЕУ на 8 декември за да ги усогласат заклучоците на текстот, шансите Бугарија да попушти до осми се речиси непостоечки, јави дописничката на МИА од Брисел.
Сè уште постои оптимизам кај македонски официјални претставници, на една седмица до одржувањето на состанокот на Советот на ЕУ за можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија
Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, оценува бугарскиот копретседател на Комисијата, Ангел Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија.
Северна Македонија е активен чинител во спроведување на политиките на НАТО, истакна Министерот за надворешни работи Бујар Османи на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО, кој поради рестриктивните мерки наметнати од пандемијата се одржа преку видео врска.
Владата бара продолжување на кризната состојба, намален притисокот врз болниците, здравствените власти внимателни.
Здравствениот систем се подготвува за вакцинација за Ковид-19. Филипче појасни дека треба да добиеме 400.000 вакцини, но дали ќе дојдат сите одеднаш се чека на одговор, а тоа зависи од механизмот на Ковакс.
Во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 лица од КОВИД -19, дома се пуштени 32 оздравени пациенти. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Филипче истакнува дека постои координација и комуникација на државно ниво за прием и третман на пациентите соодветно на нивната состојба.
Директорката на Инфективна клиника, д-р Милена Стевановиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 потенцира дека земањето антибиотици на своја рака може да донесе несакани дејства.
Американскиот технолошки претприемач Илон Маск, кој управува со „Тесла“ и „Спејс-Икс“, смета дека првиот човек на Марс ќе слета за шест години. За две години ќе се обидеме да испратиме вселенски брод без екипаж, додаде Маск.
Геј во Брисел, анти-ЛГБТ во Будимпешта. Унгарски европратеник поднесе оставка откако учествувал во геј-оргии во Брисел за време на полицискиот час. Станува збор за Јозеф Сајер, еден од најблиските соработници на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Ј. Ѓ.