На 02.12.2020 околу 22.00 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект. При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати 6 гости, иформираат од МВР.
З.А. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“, стои во соопштението од МВР