ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Акција како израз на незадоволство од работата на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари

December 4, 2020 13:48
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Ограничениот пристап до социјални услуги на граѓаните, како и неажурноста на службите во ЈУМ Центар за социјална работа во Шуто Оризари (ЦСР во Шуто Оризари) го отежнува остварувањето на нивните правата. Детектирани се низа неправилности и несоодветен однос од страна на вработените кон социјално загрозените семејства и лица, поради кои тие се чувствуваат дискриминирани и понижени, велат претставниците на неколку граѓански здруженија.

Тие незадоволството одработата на Центаротденеска го искажаа со акција насловена  „Лавиринтот во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари“ што се одржа пред Спомен куќата на мајка Тереза во Скопје. Акцијата, велат, е израз на незадоволството на ромската заедница поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари и порака до надлежното Министерство за труд и социјална политика дека ЦСР во Шуто Оризари е нефункционален и потребни се сериозни реформи за негово соодветно функционирање.

-Уличниот перформанс симболично замислен како лавиринт е заснован на секојдневните случувања, лични искуства, животни приказни и вистинити изјави од барателите на социјални услуги во ЦСР во Шуто Оризари и е последица на невозможноста во институционалниот лавиринт да се остварат социјални права кои Уставот ги гарантира, а законот овозможува пристап и остварување на истите, посочуваат од овие граѓански здруженија.

Најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните, потенцираат, се доставување или недоставување на решенија и одлуки вон законскиот рок за поднесените барања, и неиздавање на архивски броеви за одделните предмети го оневозможуваат правото на жалба во законски рок на барателите, фактот тоа што социјалните работници во Центарот за социјални работи во Шуто Оризари, субјективно, без да излезат на терен ја оценуваат фактичката состојба на ромските домаќинствата со што го оневозможуваат остварувањето на социјалните права;, и и некоординираниот пристап, недоволна екипираност и немање капацитет и стручност на службите на ЈУМ ЦСР-Шуто Оризари.

Граѓаните сметаат дека нема можност да се воспостави нормална и редовна комуникација меѓу вработените во институцијата и барателите на социјална помош, но и оти има лоши просторни услови во кои работат вработените.

Акцијата е дел од обуката за креативен активизам на ромски организации која ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На обуката и во креирањето на креирањето и спроведувањето на акцијата учествуваат претставници на Романо Чачипе, Скопје; ИРИЗ, Скопје; Национален ромски центар Куманово и Станица П.Е.Т. Прилеп.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk