Холандската амбасада во Скопје ја демантира веста дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, што ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори од Брисел, а го цитираше и Фејсбук статусот на обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски,
„Извештаите во некои медиуми дека Холандија ја поддржува Бугарија во блокирање на рамката за преговори за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ, се целосно неосновани и лажни вести.
На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го извести холандскиот парламент за својата одлука дека може да се одржи првата меѓувладина конференција за Северна Македонија. Таа позиција останува, се разбира, непроменета. Холандија, и тогаш и сега, е на мислење дека Северна Македонија направила добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се договори Рамката за преговори.“ стои во демантот од Холандската амбасада во Скопје.

The reports in some media that the Netherlands supported Bulgaria in blocking the Negotiating Framework for the start of…
Posted by Embassy of the Netherlands in North Macedonia on Friday, December 4, 2020
Лажната вест за наводното поддржување на бугарското вето од страна на Холандија беше преземена од десетици македонски медиуми.
Ј. Ѓ.