Шест лица се обвинети, од кои двајца се ставени в затвор во Бордо, по демонтирање на мрежа која главно се занимавала со трговија со цигари, но и со проституција, меѓу Франција и Бугарија, јави дописникот на МИА.
Според Француската полиција, шесте упатени Бугари, пет мажи и една жена на возраст од 21 до 70 години, биле обвинети за злосторнички заговор, увоз и шверцување на произведен тутун, како и лажна продажба на маало во организирани групи. Еден од осомничените исто така е обвинет за перење пари, организирано прикривање на група како и наведување на проституција. Уште едно лице е приведено во Бугарија со европска потерница.
Во оваа голема операција, биле ангажирани околу 150 полицајци и судски цариници. Акцијата започнала во понеделникот истовремено во Франција (Бордо и Мојсак во Тарн-е-Гарон) и во Бугарија, при нов увоз на шверцуван тутун. Вкупно имало единаесет апсења.
Акцијата, според полицијата, е резултат на истрагата која траела неколку месеци. Започната во февруари 2019 година целата истрага открила пренесување на млади жени од Бугарија кои се проституирале во Бордо и докази за шверцувани цигари.
Профитот од овој шверц се проценува помеѓу 200 000 и 400 000 евра.
Во акцијата се запленети и околу 90.000 евра во готовина, осум возила и 650 штеки цигари, како и неколку недвижнини во Бугарија, инвестиции со кои се переле средствата.