„Прагматичноста во политиката, тоа е патриотизам, кога двајца премиери од Грција зборуваат за македонска држава, за македонски јазик, за македонски идентитет. Никаде не сум избегнувал да ја користам придавката македонски. Секаде и секогаш правам голема афирмација за Македонците, македонскиот народ, тоа што е македонско, македонска, секаде.. И поранешниот и сегашниот премир на Грција зборуваат за Македонци и македонски јазик, тоа не беше пред 100 години, какви што ги знаевме позициите на Грција, тоа е прагмата и трпението, но и патриотизмот во политиката, од оние кои што те негирале комплетно да направиш и пријатели и да ти го почитуваат тоа што е твојата приватност“- изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто на Канал 77.